Целта на саемот е да се соберат на едно место сите клучни актери и чинители во областа на туризмот во целниот регион. За време на настанот беа претставени локалитетите и услугите од истражувањето на природното и културното наследство, беа изложени локални производи и прикажани специфични традиции и обичаи. Саемот беше придружуван од 3 културни настани кои ја претставуваат етничката и културната разновидност и идентитетот на целните области. На саемот се собраа најмалку 60 лица, од кои 20 претставници од Македонија. Саемот се одржа од 29 септември до 1 октомври 2017 година во Благоевград и го привлече вниманието на различните чинители.