Целта на саемот беше да се соберат на едно место сите клучни актери и засегнати страни во областа на туризмот во целниот регион. За време на настанот беа претставени локалитетите од истражувањето и услугите на локалитетите на природното и културното наследство, а беа прикажани и специфични традиции и обичаи. Саемот беше придружуван од 3 културни настани кои ја претставуваат етничката и културната разновидност и идентитетот на целните области. На саемот се собраа најмалку 60 луѓе, од кои 20 претставници од Бугарија. Саемот се одржа од 13 до 15 октомври 2017 година во Штип и го привлече вниманието на различните чинители.