Еднодневната конференција се одржа во општина Виница на 15 јануари 2018 година и собра претставници на невладини организации, мали и средни претпријатија, општински администрации, туристички инфо и културни центри, претставници на целните групи и медиумите. Темата на конференцијата беше “Туристичкиот потенцијал на прекуграничниот регион: идните идеи за развој”. Настанот привлече повеќе од 50 учесници од кои 20 претставници од Бугарија.