Местото т.н “вулкански бомби” се наоѓа во близина на селото Неокази, Пробиштип. Тие се резултат на повеќефазна вулканска активност и жестоко исфрлање на лава. Од оваа силно исфрлање на лавата потоа му била дадена форма во облик на топка. Претпоставката е дека формата е добиена не само од исфрлање во атмосферата, туку и од тркалање од вулкански рид надолу. Овие вулкански бомби, според наодите, се стари околу 10-15 милиони години. Тие се составени главно од андезитски карпи. Неколку од нив десетици вулкански бомби биле земени во неколку институции – ПМФ, Природно-историски музеј. Некои од нив се полубогани. Неколку скршени при ископување на патот. По сечењето на патот, тие повторно се изложени на површината, и претпоставуваме дека во внатрешноста има уште многу вулкански бомби. Со нова ерозија ќе се откријат нови и нови вулкански топки. Во областа има многу вулкански топки, но карактеристични за нив е тоа што тие се мали. Најголеми примероци се метар, метар и нешто во дијаметар. И овие цели, комплетни топки се со дијаметар околу 65 сантиметри и тежат до 400 килограми.

Адреса

Нашата адреса:

Probistip, MK

GPS:

41.9948176, 22.1877315

Телефон:

-

Email:

-

Веб:

-