Селото Бања (Кочанска Бања) се наоѓа на 7 км од Кочани од десната страна на магистралниот пат Кочани – Штип. Сместено е во подножјето на Осоговските Планини и лежи на последните ограноци од ридиштата на овие планини, кои благо се спуштаат кон котлината на надморската висина од 340 км. Од источната страна се наоѓа село Тркање, а од западната село Спанчево, кон југ селото се граничи со плодните оризови полиња. Народната традиција зборува дека Бање името го добило по бањата и изворите на топла вода во селото.Изворите во Бања се карактеризираат со специфични хидролошки, односно хемиски – минеролошки и термички својство, како и со количеството на водата која извира на овој простор. Количеството на вода во бањата во подолг период била назадоволителна. Со извршените дупчења количеството на термоминерална вода изнесува над 65 литри во секунда. Температурата на водата е 64 степени, што значи дека станува збор за мошне погодна вредност. Тоа овозможува користење во бањската намена, бидејќи се работи за хипертермална вода.По хемискиот состав бањата спаѓа во групата на слабоминерализирани термички води. Во неа преовладуваат хидрокарбонатите, слабо е алкална и со низок степен на радиоактивност. Од катјоните најмногу содржини натриумкалиумкалциум и магнезиум, а од анјоните хлорсулфатихидрокарбонатисилициумоксидалуминиумоксиджелезооксид и други. Поседува и ретки минерали, како што литумотцезимуотрубидиумот и слично.

 

Адреса

Нашата адреса:

Kocani,MK

GPS:

41.91699344621, 22.40838147803

Телефон:

-

Email:

-

Веб:

-