Ново Село е една од најстарите населби во Штип. Иако нема прецизни податоци за нејзиното формирање, се претпоставува дека Ново Село постоело како посебна населба уште пред 13 век, а за тоа сведочат бројните цркви од тој период, меѓу кои е и црквата св. Спас, која е најстарата црква во околината на Штип. Во текот на 13 и 14 век, Ново Село било вакаф на султанот Бајазит, а потоа, во времето на султанот Мурат, Ново Село било прогласено за војничка и чуварска населба, со што добило посебни права и привилегии. Според пописот од 1519 година, во Ново Село живееле 21 христијански семејства. Во 19 век, Ново Село имало важна улога во будењето на националната свест и борбата против турското ропство, особено со доаѓањето на Дамјан Груев и Гоце Делчев, кои во Ново Село работеле како учители.

Гоце Делчев во двокласната Новоселска гимназија при II клас ги предавал предметите: геометрија, историја на природатагеографија и француски јазик. Тој бил правичен и строг учител. Гоце особено внимание посветил на образованието на возрасните. Тој, заедно со своите колеги Даме и Делииванов, во неделното и вечерното училиште разработувал теми од американската, европската и особено од балканската историјасо што се создала револуционерна клима во Штип. Гоце со учителската дејност вешто ја прикрил својата вистинска револуционерна дејност пред тамошните османлиски власти. Учителствувањето било одличен параван за разгранување и зацврстување на организациската мрежа. Гоце се пројавил како неуморен организатор и и агитатор.

Адреса

Нашата адреса:

Spomenik Goce Delčev, Stip,Mk

Телефон:

-

Email:

-

Веб:

-