Џамијата Хусамедин Паша е муслимански храм кој се наоѓа во Штип, Македонија. Џамијата се наоѓа во составот на Штипското муфтиство.Џамијата била изградена во втората половина на 16 век. Христијаните во Штип сметаат дека џамијата била изградена врз темели на црква посветена на Свети Илија.Според познатиот турски патеписец Евлија Челебија, кој во 1662 година, престојувал во градот Штип, џамијата била изградена со камено минаре и оловен покрив. Џамијата според традицијата била изградена со донација на пари од самиот Хуса Медин Паша. Веднаш до џамијата се наоѓа гробот на Хуса Медин Паша.Џамијата има квадратен облик во основата, со шестостран тамбур што лежи директно врз четирите странични ѕидови и полуобличеста купола.
Адреса
Нашата адреса:
Džamijata Husamedin Pasha,Stip,MK
GPS:
41.7466477956, 22.1999660879
Телефон:
-
Email:
-
Веб:
-