Кај Костин Дол и Речани, меѓу стрмнините на осоговските падини, се втурнала Бела Река создавајќи со својата долина прекрасен предел. Овде, се уште благодетите на природата се ставени во служба на човекот. Колку за негово опстојување и одржување во живот, толку и за уживање Валавницата служи за валање клашни, тоа е платно од кое се шиеле панталони и палта. Со валањето платното се измазнува, се прави понежно, оти како што е ткаено така, не може да се носи. Мора првин да се изработи на валавицата , па тогаш да се шие. Вирот е за перење јамболлии и ќебиња. Валавницата одамна не работи бидејќи младите не употребуваат ткаено. А во вирот јамболлиите се уште се перат. Мажот ми оди со коњот по селата и донесува за перење. Буката повеќе ни е како атракција, некои луѓе доаѓаат на викенд, па ги интересира, и донесуваат за перење ќебиња, јамболлии. Перењето е за половина саат, саат, а валањето траеше и по два – три дена, зависи од тоа како е исткаен материјалот. Имаме сушалки, ги викаме дрвени простори и тука ги сушиме.

Адреса

Нашата адреса:

Kocani,MK

GPS:

41.916912597834, 22.408526345076

Телефон:

-

Email:

-

Веб:

-