На падината што се извишува на северната страна од селото Бели се наоѓаат два манастира и еден од најстарите дабови во овој дел од Европа. Сместен е во дворот од манастирот „Свети Илија“ до каде се стигнува по кривулест пат, кој на моменти се искачува директно по височинката и ве тера на мал физички напор, ако се искачувате пеш. Според мерењата, обемот на дрвото е околу 10 метри, а распонот на гранките близу стотина метри. Од далеку наликува на дланка со раширени пет прсти. Староста на дрвото се проценува на околу 680 години, иако никој не може со сигурност точно да каже кога и од кого е засаден. Дабот одамна претставува симбол на селото и на овдешните жители, бидејќи седум века опстојува на временските неприлики, заедно со тешкотиите на народот.

Адреса

Нашата адреса:

Kocani,MK

GPS:

41.916939547293, 22.408405622538

Телефон:

-

Email:

-

Веб:

-