Во 1972 година во црквата “Успение на Св. Богородица” во Ново Село, е формирана галерија на икони, во која е сместен богат фонд на икони од културното и национално богатство од Источна Македонија. Содржината на изложбената поставка ја сочинуваат уметнички дела, икони работени од повеќе наши познати и непознати зографи кои работеле во црквите и манастирите од Источна Македонија, од крајот на XVI па се до почетокот на ХХ век , како и стари печатени црковни книги, путири, филигрански крстови, реликвии и други вредни сакрални експонати.Галеријата на икони збогатена со иконите од големиот иконостас, од наосот на црквата и иконите од иконостасите од капелите од старата црква „Успение на Св. Богородица” работени од зографот Станислав Дослевски и Христо Димитров, како и владичкиот трон, балдахинот и богато изрезбарениот иконостас претставуваат вистинско богатство за историското и ликовно минато на нашето културно наследство.
Адреса
Нашата адреса:
Stip,MK
GPS:
41.746464932611, 22.199810522132
Телефон:
-
Email:
-
Веб:
-