Емир Ќучук Султановиот мост познат и само како Камен мост, претставува камен лаков мост кој ја премостува Брегалницакај Штип. Мостот се наоѓа на самиот влез во градот и според податоците, тој бил изграден во 1672 година и спаѓа во ретките примероци на турската архитектура во Штип. Мостот го добил името по султанот Ќучук Емир. За време на првата Балканска војна преку овој мост поминувала демаркационата линија, која градот го делела на српски и бугарски дел. Населбите од левата страна на река Брегалница биле под бугарска власт, додека оние од десна страна потпаднале под српска окупација. Во минатото со оглед на големиот водостој, мостот имал мошне важна комуникациска улога, но денес со намалувањето на водата во реката Брегалница, има повеќе историско – архитектурно значење. Денес кај овој мост според предвидената студија за регулација на Брегалница се предвидува да изгради гумена брана

Адреса

Нашата адреса:

Емир Ќучук Султановиот мост,Stip,MK

GPS:

41.745993404292726, 22.19982460141182

Телефон:

-

Email:

-

Веб:

-