Селото Блатец се наоѓа на 10 километри од градот Виница и е најголемото село во оваа општина. Тоа лежи во северното подножје на планината Плачковица и благо наведнатата езерска површина на некогашното Виничко-Кочанско езеро на надморска височина од 710 метри. Во 1953 година дури 63% од населението го сочинувале Турци, но денес е целосно населено од Македонци. Она по што е познато се големиот број археолошки наоѓалишта во самото село и во околината. Повеќето од овие наоѓалишта се могили од римското време на кои се пронајдени гробови со камени конструкции, метални предмети, керамички садови, питоси, делови од бедем, делови од запрежна кола и друго. Помеѓу најпознатите археолошки наоѓалишта се: Кале, Света Недела, Црквиште, Селиште и Калајџиево.

Адреса

Нашата адреса:

VILLAGE BLATEC - VINICA

GPS:

41.8385763, 22.577894799999967

Телефон:

-

Email:

-

Веб:

-