Успение на Пресвета Богородица е главната црква во штипското Ново Село и седиште на Новоселската парохија. Црквата е отпочната со градба во 1836 година и е завршена во 1850 година. Изградена е од градителот Андреја Дамјанов со неговата тајфа – браќата и претставува голема трокорабна базилика со пространи галерии на катот. Иконите на иконостасот се од истиот период, изработени од зограф Станислав Доспевски Станилов, Вангелов Крсте зографТеодосие Папрадишки, Христо од СамоковЗахарија Самоковлија, а фрескоживописот на куполите се претпоставува дека е изработен во истиот период од Ѓорѓи Дамјанов. Длаборезот на иконостасот, балдахинот, царските двери и владичкиот трон се изработени во истиот период од Никола Дамјанов. Нема податоци кога и од кој архиереј е осветена. Црквата претставува Споменик на културата заштитен со закон.

Адреса

Нашата адреса:

Crkvata na Presveta Bogorodica, Novo Selo, Stip,MK

GPS:

41.7468469133, 22.1993072703

Телефон:

-

Email:

-

Веб:

-