Свети Гаврил Лесновски или Лесновски манастир — манастир во с. ЛесновоПробиштипско. Главната црква е посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил. Постои мислење дека манастирот бил изграден кога св. Гаврил Лесновски се замонашил или пак по неговата смрт, кога се развил култот за подвижничкиот живот (како што е наведено во краткото негово житие од 1330година). Времето во кое живеел Гаврил Лесновски не е прецизно утврдено. Постои мислење дека тоа треба да се бара во 11 век, а оттаму заклучокот дека манастирот бил изграден во втората половина на 11 век, кога во крајот северно од Брегалницабил развиен силно култот за пустожителите, меѓу кои и за светиот отец Гаврил.

Според најстарото житие на свети Гаврил Лесновски, напишано од Станислав Граматик во 1330 година, овој храм и манастирот потекнуваат од 11 век, основан од Свети Гаврил Лесновски, посветен на Свети Архангел Михаил. Возобновен е во 1341 година од Деспот Јован Оливер. Фрескоживописот е завршен во 1347 година најверојатно од четворица зографи. Иконостасот е во длабока резба од 1811-1814, прво дело на тајфата на Петре Филиповски – Гарката.

Манастирот Св. Гаврил Лесновски е еден од најзначајните и најубавите средновековни и сакрални споменици на културата, не само во Република Македонија туку и пошироко. Не само што со своето богатство и содржини на иконостасот и фрескосликарството претставува голема мистерија, туку тој е познат и по својата моќ да лекува болни лица. Селаните веруваат дека светецот Гаврил Лесновски ги штити нив, нивното село и манастирот и дека неговиот дух е присутен. Тие исто така веруваат дека не случајно тука се настанати и селото и манастирот и со гордост истакнуваат дека овој простор е библиски.

Масовната посета на манастирот е за време на празниците 21 септември и 28 јануари, кога доаѓаат голем број поклоници, посетители и гости.

Адреса

Нашата адреса:

Lesnovski manastir,Lesnovo,MK

GPS:

42.0132481, 22.2282922

Телефон:

-

Email:

-

Веб:

-