Рудникот за оловноцинкова руда, се наоѓа во источните делови на Кратовско-злетовското вулканогено подрачје, на оддалеченост од 7 км од Пробиштип.Во геолошката градба на наоѓалиштето учествуваат, главно, вулкански карпи претставени со различни типови на андезити, дацити, игнимбрити, дацито-андезити, вулкански туфови и друго. Оловно-цинковата минерализација во наоѓалиштето е контролирана, најчесто, од раседните структури. Според генетските услови на настанок, жиченото оловно-цинково наоѓалиште Добрево е формирано во субвулкански услови, во рамките на хидротермалниот стадиум на формирање. Содржината на главните метали во просек е: 9% олово, 3% цинк, 45 g/t сребро и зголемени содржини на кадмиум, бизмит, злато, арсен, индиум, галиум, германиум и др.Главни рудни минерали и носители на оловото и цинкот се галенитот и сфалеритот, редовно следени од халкопирит, тетраедрит, тенантит, пирит, борнит, енаргит и др.
Адреса
Нашата адреса:
Rudnik Zletovo, Probistip,MK
GPS:
41.9884531837, 22.2332747653
Телефон:
-
Email:
-
Веб:
-