Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, чиј организатор е Општина Кочани, го популаризира оризот – симболот на кочанскиот крај. Таа е спој на традицијата и современиот уметнички израз и приказ на патот на оризот од нива до трпеза.„Деновите на кочанскиот ориз“ со својот меѓународен предзнак се повод за нови пријателства, преку гостувањата на официјални општински, стопански и културни делегации од различни држави, во времето на собирањето на родот од кочанските полиња – најчесто во последната седмица од септември и првата во октомври.Денес содржините од манифестацијата се распределени во две седмици, а централен настан е презентацијата на традиционалната, рачна жетва на ориз на нивите во Кочанско. Настаните од манифестацијата, Општина Кочани ги објавува во печатените билтени „Денови на кочанскиот ориз“, на македонски и англиски јазик.

Адреса

Нашата адреса:

Kocani,MK

GPS:

41.917038362, 22.4084901283

Телефон:

-

Email:

-

Веб:

-