Гратче — вештачко езеро  сместено во подножјето на  Осоговските Планини, оддалечено околу 6 км. на север од Кочани. Изградено е во 1959 година кај некогашното село Долно Гратче. Браната е армирано-бетонска со височина од 46 метри, должина на преградниот ѕид изнесува 150 метри и се наоѓа на надморска височина од 467 метри. Езерото е долго 3,5 км, а широко 0,2 км, со најголема длабочина од 29 метри. Површината на акумулацијата изнесува 0,19 км2, акумулира вода од 2,4 милиони м3 која се користи за индустриски потреби и за наводнување на 576 хектари обработливо земјиште во Кочанско Поле.

Освен стопански, езерото Гратче има и туристичко-рекреативен карактер, а на неговиот брег има два објекта со угостителски карактер и хотел. На северната страна на езерото, на самото влевање на Мала и Голема Река се наоѓа археолошкиот локалитет Долно Градиште.

Адреса

Нашата адреса:

Ezeroto Grače,Kocani, MK

GPS:

41.9623342469, 22.4076206982

Телефон:

-

Email:

-

Веб:

-