Селото Истибања се наоѓа во источниот дел на Република Македонија и припаѓа на Општина Виница. Сместено е помеѓу коритото на реката Брегалница, на 7 км од градот Виница. Познато е по термалните води кои извираат во близина, како и по многуте лековити билки во околината. Се наоѓа во Виничко-Кочанската Котлина, недалеку од Истибањската Клисура.

Според легендата, селото Истибања го добило своето име по еден Турчин од Бугарија, кој бил дојден на неколку дена во селото и бил пречекан многу добро од селаните. Тој ги прашувал сите како се вика селото, а сите одговориле со различни имиња. Кога тој прашал по што е познато селото и што е убаво таму, сите рекле дека тоа се двете бањи. Така тој ги нарекол бањите „истибања“ (еднакви) и тоа станало име на селото.

Адреса

Нашата адреса:

Istibanja, Vinica,MK

GPS:

41.9298249131, 22.4992243387

Телефон:

-

Email:

-

Веб:

-