Кежовица или Штипска Бања — бањски центар кој се наоѓа на десниот брег на реката Брегалница, на околу 2км југозападно од центарот на Штип, на излезот од Ново Село, кое е споено со овој град, на меѓусебна оддалеченост од околу 300 м се наоѓаат појавите на термоминералните води Кежовица и Л’џи, кои лежат на ист расед. Инаку, Кежовица како бања е позната уште од турско време, кога таа се користела за здравствени цели и лична хигиена на жителите. Пишувани податоци за постанокот на бањата постојат, но се претпоставува дека истата била изградена од страна на Турците на крајот на XVII век и тоа во примитивна зграда со базен. Треба да се напомене, дека водата во изворите Л’џи не е константна, туку е во зависност од речната вода на Брегалница. Главниот извор Л’џи има издашност која варира од 1-1,5 литри во сек., а температурата на водата варира од 50-62оС. Карактеристично е, дека со зголемувањето на нивото на р. Брегалница, покрај капацитетот на термоминералната вода на изворот Л’џи, се зголемува и температурата на оваа вода. Температурата на главниот извор на бањата Кежовица, е 57оС, а излезноста 7 литри/сек. Бањата Кежовица, Се верува дека лековитата вода Кежовица е лековита за ревматизам, глуждови и нервен систем, дијабетес, артериосклероза, висок крвен притисок итн.Единицата за физиотерапија, вклучена во курортната населба Кежовица, ги користи најсовремените уреди и методи за лекување и поседува 110 кревети. Главната курортна комплекс Кежовица поседува 40 кревети.

 

Адреса

Нашата адреса:

Kezovica SPA, Stip,MK

GPS:

41.7331924, 22.1757746

Телефон:

-

Email:

-

Веб:

-