Пониква туристички центар и викенд-населба на Осоговските Планини во источна Македонија. Оддалечен е околу 20 км северно од Кочани, на надморска височина од 1.560 метри во предел со густа букова шума и разновидна вегетација. Зацртан како еден од 34-те зимски туристички центри во просторниот план на Република Македонија, Пониква завзема особено важно место во развојот на туризмот и општиот развој на Осоговијата.
Урбаниот простор опфаќа два ски-лифта, викенд-куќи (единечни и двојни), автокампови, бунгалови, објекти за дневно снабдување, повеќенаменски простори, терени за спорт и рекреација, хотели, одмаралишта, угостителски објетки, сервис и услуги за скијачка опрема. На Пониква, покрај викенд-населбата, неколкуте мотели, има и детско одморалиште со капацитет од 220 легла. На Пониква има идеални услови за планински велосипедизам, параглајдерство и други екстремни спортови.
На Пониква, манастирот “Свети Василиј Велики”. Секоја година на 14 јануари се одржува свечена литургија на Васил и се одржува собир на манастири. Традиционално се дели лепче со паричка. Планинарите од Планинарското здружение Кочани “Осогово” организираат марш од езерото Граче до Пониква, по повод Православната Нова Година и оддавање почит на “Свети Василиј Велики”.