Во центарот на градот Штип се наоѓа Безистенот кој по својата архитектура се издвојува од околните згради, особено сега меѓу новоградбите. Времето на неговото градење е непознато. Се претпоставува дека безистенот бил изграден од 16-17 век. Изграден е претежно од камен. Безистенот во оваа основа претставува три првоаголни пространства, покриени со масивни куполи. Неговата внатрешност е осветлена преку повеќе отвори, прозорци што се наоѓаат на куполите. Во турско време безистенот служел како главна чаршија каде што се продавале разни видови платна, од таму му произлегува и името. Во поново време со исчезнување на ориенталниот начин на тргување, неговата намена е изменета. За време на Австро-турката војна, безистенот бил запален. Денес безистенот му служи на градот како уметничка галерија.

Адреса

Нашата адреса:

st. Kuzman Josifovski, Stip

GPS:

41.737316, 22.1922044

Телефон:

-

Email:

-

Веб:

-