Калиманци (Калиманско Езеро)— вештачко езеро на реките Брегалница и Каменичка Река, изградено во 1969 година. Браната е камено-насипна со глинено јадро, висока 92 м, а долга 240 м. Езерото има должина од 14 км, широко е 0,3 км, а максималната длабочина достигнува до 80 метри. Зафаќа површина од 4,23 км2 и акумулира 127 милиони кубни метри вода.

Основната намена на езерото е наводнување на околу 28.000 ха, главно површини под ориз во Кочанската Котлина, но и на дел од обработливите површини во Овче Поле. За таа цел изградени се два канала, од кои десниот е долг 98 км и водата ја носи до Овче Поле, а левиот е долг 36 км и ги наводнува површините во Кочанското Поле.

Вишокот вода се користи за производство на електрична енергија преку изградената мала хидроцентрала со инсталирана моќ од 13,8 MW.

 

 

Адреса

Нашата адреса:

Veštačko ezero, MK

GPS:

41.9191896872, 22.4076334387

Телефон:

-

Email:

-

Веб:

-